Dolce & Gabbana ја претстави специјалната колекција која е направена во соработка со DJ Khaled. Оваа соработка го носи Мајами во стилот на модната куќа. Целата колекција која е унисекс е претставена во медитеранско-цветни мотиви, мурали. Влијанието на DJ Khaled најмногу се забележува во парчињата облека со принт од лав. Тука се чувствува восхитот на DJ Khaled од овие животни кои за него се симбол на на гордоста и силата.