Модниот бренд Dolce & Gabbana ја претстави машката колекција за сезоната Есен/Зима 2020. Првата кампања за оваа колекција е направена во Кустоначи, Сицилија. Целта на модната куќа е доловување на рурална атмосфера што ја рефлектира темата на сезоната – уметничко занаетчиство. Со оваа класична црно-бела фотографија го доловува духот на традиционалната машка облека на Dolce & Gabbana. Целото минато и древната занаетчиска традиција на ова гратче заедно го рефлектира шармот на оваа колекција.