Dolce & Gabbana горди на својата родна земја Италија решија да ја испочитуваат на еден дизајнерски начин на кој и навистина и одговара, создавајќи дизајнерско rosé вино. Виното со овошна и цветна арома на роза е настанато во соработка со винаријата Donnafugat, и спојува две сорти уникатни за Сицилија: Nerello Mascalese и Nocera.

Ова пригодно именувано вино Rosa е креирано од бербата 2019. Dolce & Gabbana го опишуваат ова вино како „елегантен букет од јасмин, збогатен со деликатни навестувања на дива јагода, праска и бергамот“.

Dolce&Gabbana Rosa

Самата амбалажа е бујна и беспрекорна, со суптилна палета на розева боја, украсена со црвена, сина и бела принт што малку потсетува на познатите чадори на брегот на Амалфи. Ова не е прва соработка со дизајнерската куќа, претходно соработуваат со брендот Smeg во креирање на доста интересни домашни апарати.