Италијанската модна куќа Dolce & Gabbana со својата нова машка колекција Пролет 2021 не води на одмор во Соренто. Domenico Dolce и Stefano Gabbana овој пат ни обезбедија опуштени форми со сини дезени инспирирани од морето. Разновидната и доста лежерна колекција ни носи интересни парчиња облека со графики, доминантна бела боја, туники. Покрај деконструиран тексас и кроj, Dolce & Gabbana нуди рационализиран пристап кон додатоците за сезоната, па така парчињата облека со класичните и карактеристични нијанси се соединети со ремени, капачиња, кожни сандали…