Dolce & Gabbana ја претстави втората кампања за сезоната Есен/ Зима 2020, но овојпат руралниот град Кустоначи го замени за прометните улици во Милано. Заслугата за одличните фотографии на оваа кампања на модниот бренд Dolce & Gabbana е Бранислав Симончик кој го долови беспрекорниот шарм на колекцијата и градот.

Истражувајќи го центарот на градот, кампањата не носи од Via Dante во Piazza Castello, покажувајќи го уживањето на моделите во најновите креации на Доменико Долче и Стефано Габана. Целата колекција изобилува со паметно користење на текстурата, луксузен изглед со мешање на волна и кадифе, кожни јакни, капути со ремени, плетена облека.