По напоред ден или за убава забава со пријателите добро би ви дошле рецепти за коктели од врвни хотелски барови ширум светот.

1. The Spirit of Sweni- овој коктел ве води во Нацоналниот парк Кругер во Јужна Африка, каде можете да уживате во Singita Sweni Lodge… ама само во мислите.

Состојки: 25 милилитри од вашиот омилен џин, 100 милилитри свежа лимонада, 100 милилитри tonic, коцки мраз, половина лимета, половина киви исецкано на парчиња, 2 кришки зелено јаболко, ливчиња свежо нане.

Постапка на подготвување: ставете ги сите течни состојки во чаша за мешање со коцки мраз и добро промешајте, процедете во претходно оладена коктел чаша во која претходно сте ставиле лимета, киви, јаболко и нане.

2. Sydney Sling- направете го коктелот и спуштете се до Австралија, и напијте се коктел кој го носи потписот на The Fullerton Hotel.

Состојки: 45 милилитри џин, 45 милилитри сок од црвен портокал или сок од грејпфрут, 15 милилитри ликер од хибискус или бозел, 10 лилитри ликер од ѓумбир или 20 милилитри сок од ѓумбир, 25 милилитри сок од лимета, 10 милилитри сок од ѓумбир (само ако користите ликер од ѓумбир), 10 милилитри Grenadine, 20 милилитри шеќерен сируп, дехидрирани парчиња ѓумбир за гарнирање.

Постапка на подготвување: Ставете ги сите состојки во шејкер и мешајте пет секунди. Процедете во чаша со мраз и парчиња дехидриран ѓумбир. Уживајте!