Шведската финтех (финансиска технологија) компанија Doconomy ја лансираше првата кредитна картичка на светот која го следи купувањето по емисија на CO2 и става максимум за трошење врз основа на влијанието на корисникот на климата. Оваа картичка е направена во соработка со Mastercard и има за цел да даде поддршка на United Nations Framework Convention on Climate Change (UNFCCC).

Ако се прашувате како ќе се постигне ова одговорот би бил со ставање месечни ограничувања на CO2. Според шведската агенција за заштита на животната средина едно лице просечно годишно е одговорно за создавање на десет илјади килограми гасови со ефект на стаклена градина, од кои 60 проценти се поврзани со потрошувачката.

Целта е развивање на поголема свест општо во целиот свет и иницијатива за проекти во земјите во развој да тежнеат кон намалување на емисијата на штетни гасови, каде на пример би се граделе ветерници. Според Патриша Еспиноса, секретар на UNFCCC: „ Многу компании веќе преземаат чекори за да ги намалат емисии на штетни гасови и да создадат поодржлива и поотпорна иднина.

Луѓето исто така размислуваат за околината во нивниот секојдневен живот, вклучително и информирање за тоа што купуваат пред да донесат одлука. Затоа ни е драго и ја поздравиме оваа иницијатива што ја презема Doconomy.” Doconomy Do Black картичката е еден од бројните финансиски инструменти на пазарот кои имаат за цел да и вратат на околината на некој начин.