Со ребрендирањето на својата Osmo Mobile линија, DJI сега го претстави и својот нов OM 4 смартфон стабилизатор. Базиран на нивната карданска технологија, рачниот стабилизатор помага за да се создадат помазни, поквалитетни и визуелно попривлечни слики и видеа со само неколку допири на вашиот прст.

DJI OM 4

Конструиран од високо квалитетни материјали, DJI OM 4 се карактеризира со пренослив склопувачки дизајн со едноставен за користење магнетен систем за приврзување. Системот се состои со безбеден фиксиран и лесен метален стегач и интуитивен магнетен држач за прстен кој го отстранува балансирачкиот чекор. Унапредениот кардански модел се карактеризира со стабилизатор со тројна оска со унапредени мотори кои можат да поддржат и поголема тежина од неговите претходници.

Користејќи Bluetooth конекција, корисниците можат да пристапат до основните функции на камерата и до DJI Mimo апликацијата за да користат пред-програмирани модови за фотографирање и снимање и професионални алатки како Gesture Control и ActiveTrack 3.0. Некои од најинтересните пред-програмирани движења вклучуваат DynamicZoom, Timelapse/Motionlapse/Hyperlapse, Slow-motion, Sport Mode, Panoramas, Spin Shot Gimbal Movement и Story Mode Templates. На крајот OM 4 пристигнува комплетно со корисни аксесоари како што е и трипод со држач, ременче за зглоб и соодветна кутија за транспорт.

Цената за OM 4 смартфон стабилизаторот изнесува 150 долари и можете да го купите онлајн.