DJI прави уште еден чекор кон освојување на пазарот на беспилотни летала со претставувањето на неговиот модел FPV. Возбудата е во очила со супер широко видно поле од 150 °, додека HD видео преносот со брзина до 120 fps обезбедува ултра мазен преглед на вашиот лет во реално време. Пилотите можат да гледаат кристално чист, видео пренос во реално време, дури и на растојанија до 10 километри.

Овој дрон има и режим наречен „audience mode“ кој преку пар на DJI FPV V2 очила ќе му овозможат на пилотот да го сподели својот поглед. FPV дронот подржува три интуитивни режими на летање кои ќе му дозволат на секој да лета со доверба од првиот ден, без разлика на искуството кое го имате.

Трите режими се S- хибриден режим на летање кој ја комбинира слободата на рачно управување со поедноставени контроли на претходни DJI дронови, N- идеален за почетници и М- погоден за „професионалци“ кое му дава на пилотот неограничена контрола и уживање. Заедно со овој FPV дрон, DJI воведува и џоистик, интуитивен контролер, како што го насловуваат, компактен уред кој му овозможува на пилотот маневрирање врз основа на природните движења на раката.