Иако многу луѓе се прашуваат зошто Fortnite играта е толку популарна, и како и после една година таа е најпопуларната игра на светот. Одговорот е дека креаторот на оваа игра Epic Games секоја недела воведува нови содржини кои на играчите им овозможува континуирана забава.

Па така компанијата ги изненади своите играчи со вистински концерт на DJ Marshmello. Самиот DJ Marshmello е голем фан на играта, па овој пат заедно со креаторите на играта одлучија да им приредија на гејмерите виртуелен концерт кој им овозможи на играчите едночасовно уживање. Погледнете како изгедаше шоуто кое го приредија Epic Games и DJ Marshmello.