Дизајнерското студио Draft и E.ON соработуваат во проект за создавање на ултра-брзи станици за полнење. Проектот е дефиниран од иновативен, проширен систем на модули, способен да се прилагоди на идните барања на електричните возила. Дизајнот  на Draft и E.ON е приспособен и на потребите на корисниците со низа функции дополнителни услуги, слични на денешните бензиски станици.

Елегантната челична конструкција се протега високо во вид на воздушна крошна, трансформирајќи го просторот околу полначите во пријатно и удобно место за корисниците. Покривот е конфигуририан во различни варијанти, нетранспарентен покриен со зеленило или фотоволтаични панели и транспарентен покриен со стакло. Интегралните панели го снабдуваат просторот за одмор и интегрираната медиумска технологија со енергија.

Прецизноста и динамичноста на конструкцијата ги истакнува идентитетот на брендот на E.ON и потрошувачкото искуство. Базиран на два основни модула, системот за полнење на Draft и E.ON може да задоволи широк спектар на ситуации за полнење и паркирање. Овие основни модула имаат свои подмодули, па така помалиот има варијанта XS и S, со димензии 3,5 метри × 5 метри, со максимум четири точки за полнење, наменет за урбани средини.

Поголемиот модул е поделен на M, со четири до осум точки на полнење и L, со шест до осум точки на полнење. Овде е вклучен и поголем простор за корисниците со повеќе услуги и функционалности, бидејќи истите се наменети за паркинзи надвор од населено место, автопати и друго.