Dior x Nike Air Jordan 1 High OG ја потенцира безвременската привлечност на патиката и стилот на Maison Dior. Специјалните патики направени од бела и Dior светло сива кожа, со Swoosh монограм со графички изглед на модната куќа, и секако крилјата кои ги симболизираат Air Jordan патиките, се најлуксузните Air Jordan направени досега.
Од компанијата изјавија дека секоја соработка започнува од оригинална поврзаност и желба да се прошират димензиите на секој бренд преку креативност и иновативен дизајн. Оваа соработка треба да понуди нов поглед во стилот на кошарката и да ги комбинира streetwear со луксузната мода.
Nike Air Jordan 1 High OG ќе бидат произведени во 8.500 пара на високи патики, кои ќе се продаваат во избрани продавници од Април месец годинава. Се очекува да бидат лансирани и 4.700 пара на ниски патики. Цената на еден пар Dior x Nike Air Jordan 1 High OG е 1.800 евра. Поради ситуацијата со корона вирусот, точен датум и локации каде би биле достапни овие патики сеуште нема.