Францускиот луксузен моден бренд Dior го зема раперот Travis Scott како нивен последен креативен соработник, со кој ја креираа машката колекција за сезоната пролет/лето 2022. Ова првиот рапер кој инспирира и влијае на колекцијата за машка облека на Dior, дизајнирана од нивниот познат креативен директор Ким Џоунс. Новата колекција Dior Men која беше претставена кон крајот на јуни месец оваа година, без сомнение ќе има низа патики во ограничено издание. Оваа колекција е наречена #CactusJackDior, по креативниот колектив на раперот „Cactus Jack“, чија цел е да се зајакне младината преку обезбедување пристап до образование и креативни ресурси. Во колекцијата се истакнува и мотивот на кактусот, покрај комбинациите во целосно црна боја. Колекцијата изобилува со доста интересни кроеви и форми, но не се изоставени ниту боите, па така тука можете да видите креации и во розева боја, жолта, неон зелена и други.