Под режија на Ким Џонс, но под влијание на најновиот партнер на луксузниот моден бренд, Peter Doig, Dior ја претстави машката колекција за сезоната зима 2021. Влијанието на овој Шкотски уметник се чувствува во палетата на бои, шемите па дури и волнените шапки. Оваа машка колекција на Dior претставува друг избор на рафинирано кроење, канализирајќи го военото, униформното преку таканаречена „машка екстраваганција на церемонијална облека“.

Мажот во оваа куќа не се гледа во дуксери и тренерки, но тоа не значи дека машката облека треба да биде крута и ригидна. Затоа тимот на Џонс ни претставува колекција која носи пријатни џемпери, ролки, капути, балансирајќи ја формалноста со дарежливи силуети и раскош. Оваа колекција на Dior нуди палета на бои кои вклучуваат маскирна шара во раскошни бои, украси, јако жолта боја која ги потенцира милитаристичките кодови.

View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior)