Dior за сезоната зима 2021 претстави нова колекција на патики, обувки, чанти и додатоци. Колекцијата која е под влијание на уметникот Peter Doig доаѓа во многу интересни, но соодветни за зимата бои. Сите додатоци, па дури и рачно изработените капи, зрачат со француски луксуз карактеристичен за модната куќа. Маскирните мотиви исто се застапени и тука како и во машката колекција на облека. Традиционално милитаристичкиот крој се провлекува и низ овој сегмент на колекцијата, додека силуетата и логото Dior со повремено користење на Dior Oblique монограмот, се застапени доста.