Машката колекција Dior Resort 2021 е инспирирана од домот во кој живеел Кристијан Диор како дете во Les Rhumbs. Опфаќајќи голем број класични и современи елементи на Dior, новиот избор изобилува со удобни парчиња слоеви, графички додатоци и посакувани обувки.

Монограмот Dior Oblique е, како и обично, насекаде, распрскан преку џемпери, кошули, шорцеви, чевли и капчиња, тој е направен во бледо сива боја и Диоровата богато сина боја на бела или сива основа. Целата колекција Dior Resort 2021 изобилува со чисти тонови, поопуштен крој и покежуал парчиња.