Колекцијата „Есен 2020″ на модната куќа Dior доаѓа со кампања инспирирана од Мајами. Продолжувајќи да го истакнува непогрешливиот графички идентитет на Шон Стиси, модната куќа овој пат за позадина на кампањата одбра тешка графика, а целата кампања беше сликана од фотографот Стивен Мејсел.

„Оваа кампања ја доловува идејата за Мајами и модерната визија за Dior, зајакната со графичкиот идентитет на Шон“, објаснува Ким Џоунс, Уметнички директор на Dior menswear.

Во кампањата, карактерно елегантниот стил на Џоунс е прикажан во целост, продолжувајќи да ги меша традиционалното со streetwear. Покрај прикажувањето на Dior x Air Jordan 1 кампањата ги открива и новите Jelly Sandals. Погледенете ја кампањата, а парчињата ќе бидат достапни преку веб-продавницата на моданата куќа на 12 јуни.