Prima & Ultima претставува колекција од „неверојатно ретки и историски шкотски вискија“. Оваа колекција е селектиран егземплар од мајсторот Jim Beveridge, а се состои од осум шишиња доказ на занаетчиството и умешноста на Diageo.

Во колекцијата овој пат влегоа пијалоците Caol Ila 1984, Clynelish 1993, Cragganmore 1971, Lagavulin 1991, Mortlach 1994, Port Elen 1979, Singleton 1988 и Talisker 1988, од кое како најзначајно е издвоено Port Elen бидејќи оддава почит на последните години на дестилеријата.

На аукцијата која ќе се одржи од 26-ти Август до 2-ри Септември од страна на Sotheby’s, може да се учествува со регистрација која ќе започне на 22-ри Јули. Почетна цена на едно шише е 34.850 американски долари, а сретствата кои ќе се соберат во добротворната фондација на компанијата ќе бидат наменети за WaterAid, кој се обидува да обезбеди чиста вода за урбаните заедници во Мјанмар.