Уште една соработка помеѓу Џошуа Вајдс и Fendi, во смело црно-белата колекција California Sky. Овој концептуален уметник претходно има сорабптувано со модната куќа Fendi на проектот Fendi Caffe во Хародс. Познат по неговиот црно-бел маркер стил, California Sky колекцијата нуди асортиман на јакни, комплети, капи и многу повеќе. Монохроматската шема која е карактеристична за оваа колекција носи облека со цветни и пругасти дезени, додека и некои од иконските чанти на брендот се со ажуриран дизајн и FF монограм. Погледнете ја колекцијата.