Режисерот Мет Ривс потврди дека актерот Џон Туртуро ќе ја толкува улогата на криминален шеф на Готам во новиот Бетмен.
Неговата улога е наречена The Roman, а станува збор за криминален шеф на Готам. Веста на продружувањето на Туртуро во екипата на својот Твитер профил ја објави режисерот Мет Ривс. Претходно беше соопштено дека Зои Кравиц ќе се појави во улогата на Catwoman, додека Пол Дано е новиот The Riddler.
Пред самиот крај, излезе и соопштението дека Колин Фарел ќе се појави во улогата на The Penguin. Новиот Брус Вејн, му е доделен на актерот Роберт Патинсон.
Улогата на The Roman е тесно поврзана со семејството Вејн, па се очекува Туртуро и Патинсон да делат доста сцени. Инаку, улогата на The Roman e инспирирана од интерпретацијата на Марлон Брандо на Дон Корлеоне во The Godfather.