Холандската компанија за изработка на луксузни суперјахти Vanquish Yachts го претстави својот најнов дизајн на џет-ски, кој фрла во вода сите досегашни мотори. Станува збор за Vanqraft VQ16, со должина од околу 4 метри која претставува симбиоза од јахта и брз скутер на вода. Освен возачот, на Vanqraft VQ16 може да се сместат уште 4 лица, две напред и две позади. Изработен е од сталко и пластика и благодарение на лесната конструкција, 200-те коњски сили и 1.8 Yamaha моторот претставува уживање на вода. 

џет-ски џет-ски