Плетенината е повеќе од само основа во секоја беспрекорна гардероба. Од неопходниот плетен џемпер до оној веќе износениот, секогаш постои простор за нов сет на зимски загревачи. Ако за оваа сезона сте заглавени во одлуката за тоа во каков топол џемпер да инвестирате ова е водич за најдобрите машки плетени џемпери.

Класичен џемпер

Ова безвременско парче може да обликува од изглед кој е премногу лежерен па сè до аутфит кој е поформален. Во модните предлози тоа е еден од најдобрите зимски џемпери за мажи. Тој е потполно разновиден и исто така овозможува одлична слоевитост и под блејзер или пак кожена јакна. Исто така изгледа солидно и под костум како избор.

Класичните џемпери со овален израз во суштина се бесконечни при креирање на изглед прилагоден на вашиот сопствен стил. Есенцијално, овој вид на џемпер е крунисан како најдобар за многу современи мажи. Без разлика дали тоа за есен или пролет, препорака е да се искомбинира со доза на тексас, особено ако е покрупна или жакард плетенина. Доколку сакате да ја релаксирате вашата облека за максимална удобност, тогаш не плашете се да одберете покежуал јакна и чевли.

Одбегнувајте ги дебелите плетки и држете се до минимум детализирања како на пример рибарска плетка.

За да го извлечете удобниот изглед, земете доза на луксузни плетења. Заменете ги фармерките со панталони со широки ногавици. Треба да се дотерате во последна минута? За да го отстраните стресот, изведете слоевит изглед со трикотажата и бела кошула. Овој изглед лесно може да биде спарен со пар црн џинс или пар слим панталони. И на крај, за да го задржите вашиот изглед цврст и беспрекорно оформен, секогаш одлучете се за формални чевли.

Ако топлината не е Ваш клучен приоритет при одлуката за црниот плетен џемпер, не ги мешајте текстурите. Изглед кој е совршен е спарување на џемперот со основите во гардеробата како што е тексас кошулата.

Осигурајте се дека тексас кошулата е клучно парче за одредениот аутфит. За да го дефинирате изгледот, одберете пар на црни или сиви панталони. Секогаш претпочитајте одлука за елегантни панталони или чиноси. За да го направите вашиот изглед полесно да премине од дневен во вечерен, искомбинирајте со елегантни чевли.

Ролки

Ролките се парчиња кои полека станаа основа. Сепак, важно е да се разгледаат некои клучни елементи за да се избегне буквалната реплика како враќање на 90-тите. Темните бои добро функционираат: црна или сина ролка изгледа моќно со соодветна јакна. Таа, исто така, изгледа многу убаво во елегантна облека, спарена со костум и некои впечатливи чевли.

џемпер

Важно е да ја направите вашата плетенина клучно парче во Вашиот аутфит. Кога го градите својот изглед, секогаш имајте ја на ум бојата и тоа дека бојата може да изгледа пренагласено. Ролката е совршена кога сакате да создадете изглед кој е во согласност со истиот тон, но исто така и може да се внурне во голем број на бои. Најдобриот начин да го направите ова е или да го изградите вашиот изглед околу палетата на земјени тонови или со нешто малку пригушено монохроматски со поп од бои.

џемперПлетена ролка

Плетената ролка идеално затоплува ако одлучите да експериментирате повеќе со Вашиот аутфит. Кога градите изглед, секогаш проверете дали Вашата ролка е клучниот детал за Вашиот аутфит, наспроти Вашата горна облека.

Изглед кој е актуелен оваа сезона е експериментирање со изборот на ролката во електрично сино. За да се смири енергијата на бојата, препорачливо е да се одбере потешко парче на горна облека во црно. А изборот за овој изглед е сезонски главен играч, црна Sherpa јакна, посебно со тие патент детали и вештачката кожа.

Машки плетени кардигани

Кардиган: напред отворен џемпер кој беше именуван по 7-миот Ерл од Кардиган, британска воена фигура која го популаризираше овој стил на плетење. Сега е тоа унисекс облека, која ја ажурира вашата гардероба.

Со широка избор на пазарот, има голема палета на опции за модерните, во моментов мошне актуелни кардигани. Ако сте тип на маж кој никогаш немал искуство со ова класично парче, сте пропуштиле бидејќи оваа плетенина е совршена додаток на било кое палто. Кардиганот е полесна алтернатива на палтото или јакната, а со вистински избор можете навистина да имате модерен аутфит.

џемперКога станува збор за бојата, кардиганот ја комплиментира облеката, па обидете се нешто соодветно. Јаглен сиво и карбонит се одличен избор за мажи. Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот кардиган е 100% машки, избегнувајте тесни припиени кардигани, бидејќи овој стил е типично женски.

Големи, украсени копчиња исто така се женски карактеристики, па за помала алтернатива изберете кардиган кој има мали обични копчиња или копчињата за таа совршена завршница. Како и класичниот капут и кардигот може да се носи отворено или затворено, што во целост зависи од поводот или од вашите лични желби.

Тие, исто така, можат да се носат слоевито и се вклопуваат со трикотажни џемпери. Отворениот модел на кардиган може да дејствува како сурогат јакна или само да биде голем додаден слој на вашиот изглед. Стилот е исто така совршен за опуштени поводи. Затворен кардиген е одличен ако сакате да додадете малку дополнителна текстура во вашата облека.

Класичен изглед при изборот на кардиган (кој исто така е идеален за ручек во понеделник) е стандардна бела кошула. Сепак, за некои мажи ова може да нема карактер. За да додадете допир на персоналитет на вашиот кардиган и кошула, завршете го изгледот со палто, идеално со сличен тон на кардиганот.

Овој изглед е совршен за постудени месеци, особено ако имате потреба да се облекуваат малку поелегантно. Лесен да се изгради од основите во вашата гардероба, овој начин на носење на вашиот омилен кардиган е безвременски .

Ако се чувствувате малку авантуристички, зошто да не ја дуплирате трикотажата? Исто како и двојно тексас, поставувањето на слоевитост на иста ткаенина е уметност. Кога го удвојувате Вашиот кардиган, СЕКОГАШ одлучете се по можност за ролка. Иако ролките се секогаш на крајот од спектарот на трикотажа, тие секогаш функционираат изненадувачки добро со кардиган.

Кога удвојувате, секогаш држете се до слични тонови. За сигурен избор, препорачливо се сиви нијанси или тонови како што се бургундец. Кога го интегрирате ова во секојдневен изглед, потпрете се врз палто кое е централен дел на изгледот.

Плетенините се важен елемент во гардеробата на мажот. Насреде на студената зима неопходно е да остане затоплено, но при тоа и да се изгледа убаво.Тоа може да изгледа комплицирано кога се бира вистинската плетенина бидејќи постои голем избор на модели. Џемперот и кардиганот се одлични примери за тоа како можете да го разубавите Вашиот аутфит со минимум напор.