Зелен, боцкав и со силен, сладок мирис, гломазниот џекфурт доаѓа на сцена како добра алтернатива за месо. Како овошје со векови бил дел од диетата на Јужна Азија, но со години поради неискористеноста тони од ова овошје оделе во отпад. Но, сега Индија, најголемиот светски производител на џекфрут, профитира од зголемената популарност на оваа алтернатива кој готвачите од Сан Франциско, Лондон многу ја сакаат.

Плодот, кој во просек тежи пет килограми има восочно жолто месо кое кога е зрело се јаде свежо, или се користи за правење колачи, сокови, сладоледи или кога е незрело се додава во кари или се пржени, меле. На меѓународно ниво, интересот за џекфурт се зголемил повеќекратно, поради се поголемото усвојување на диета базирана на растителни продукти со која луѓето би дале свој како придонес во ублажување на климатските промени.

Што се однесува до гликемиските анализи, џекфрут се смета за подобар дури и од оризот и доста погоден за луѓе кои сакаат да го контролира шеќерот во крвта. Отпорноста на суша и лесниот начин на одржување го прави доста погоден во време која глобалното затоплување го нарушува земјоделството.