Англискиот актер Џејсон Статам го реновираше својот дом во Малибу, како би бил повеќе во контакт со природата.
Во 2009 непланирано, Статам ја купи куќата на плажа во Малибу, под изговор дека во Обединетото кралство нема доволно сонце и песок. Тука, наоѓа одлична прилика да биде во контакт со океанот и природата. За изненадување на многумина, Џејсон сам го работеше ентериорот на куќата, по свој личен вкус. Дрвото е присутно насекаде, но на суптилен начин, а палетата на бои на песокот и плажата бојат голем дел од ентериерот.