„Ние сме болест која ја заразува планетата“ Во овие зборови актерот Џејсон Момоа му се обрати на аудиториумот на Обединетите нации. 

Во филмот Aquaman каде ја толкуваше главната улога, океаните беа неговиот дом. Очигледно и во вистинскиот живот, тие имаат големо значење за Џејсон Момоа. Зборувајќи за опасноста во која се наоѓаа, актерот одржа инспиративен и елоквентен говор на средбата на Обединетите нации во Њујорк. 

Џејсон Момоа

„Она што се случува со океаните е алармантно. Цели екосистеми исчезнуваат како резултат на затоплување на водата. Како што се празнат океаните со животински свет, така се полнат со пластика. Се соочуваме со разорувачка криза од загадувањето со пластика“, рече Џејсон Момоа. 

Нагласи дека е засрамувачка количината на пластика во океаните и дека ние сме болест која ја заразува планетата. „Како човечки суштества, нам ни е потребна планетата. Но, бидете сигурни, на планетата не сме ѝ потребни ние“, изјави актерот.