Аквамен во интересно видео ни го најавува новиот видео запис за песната Scary Little Green Men на Ози Озборн. Џејсон Момоа кој има репутација на актер кој секоја работа ја прави забавна е вклучен во овој нов проект за претстојниот сингл на легендата. Според режисерот Марк Класфелд правењето на спот со Џејсон Момоа во духот на Ози е доста предизвикувачки.

Повикувајќи се на едно од старите видеа на Ози идејата на ова видео е да се наведат луѓето да мислат дека е Ози, но потоа се појавува Џејсон. Целиот изглед, косата, шминката, накитот и самиот Момоа придонесуваат во таа глума на легендата и создавање на целината.

Во јануари месец хеви метал легендата се појави во јавноста со изјава дека боледува од Пркинсон. Кратко потоа беше објавен албумот Ordinary Man. Scary Little Green Men е главниот сингл од новиот албум кој го подготвува а кој се очекува подоцна оваа година.