Благодарение на напредната технологија, одамна починатиот бунтовник Џејмс Дин ќе се врати на големото платно.
Магијата на компјутерската графика треба да го врати актерот и икона Џејмс Дин меѓу живите. Секако, за тоа нема да е потребна кристална топка, ниту пак жртви и свеќи, туку колажи од придвижени слики на актерот и добар имитатор на глас.
Идејата и реализацијата е на Magic Film City, компанијата која ја прави драмата за војната во Виетнам, Finding Jack. Но, не се сите воодушевени од идејата, актерот кој почина во сообраќајна несреќа во 1955 да се врати од мртвите.
Од продукцијата велат дека се многу среќна поради поддршката која ја добиваат од семејството на Дин, според кое, ова е четвртиот филм кој тој никогаш не стигнал да ѝ го подари на својата публика.
Но, Твитер заедницата не го поддржува овој проект. Некои од ѕвездите како Крис Еванс, Елајџа Вуд и Зелда Вилијамс, сметаат дека ова е истористување на починатите за заработка на повеќе пари, и ја исмејуваат изјавата на продукцијата дека не можеле да најдат подобар актер за улогата. Некои коментираат дека е навистина неблагодарно што тој не може да се изјасни по ова прашање.
Ако решат да го направат на крајот, филмот секако ќе дигне прашина и ќе биде гледан. Останува да видиме колку ќе биде добро изработен и до каде ќе тера Холивуд кога се во прашање парите