Со новиот Range Rover Evoque Џејми посети некои од неговите омилени места каде може да набави состојки за неговиот познат вегетаријански бургер. Познатиот бургер, инспириран од Индија тој го подготви за гостите на Land Rover’s Evoque Experience.
Прошетката низ Лондонските улици и набавката на продуктите кои се потребни за приготвување на вегетаријанскиот бургер тој ги зачини со краток тест, провлекувајќи го возилото низ водени базени и тунели. ClearSight функцијата на возилото, која го претвора ретровизорот во HD екран давајќи му на возачот голема прегледност за објектите кои се зад возилото, му овозможи на Џејми лесно паркирање во Лондон.
„Јас апсолутно го сакам овој автомобил. Беше забавно да се вози по прометните улици на Лондон и низ тунелите Bishopsgate. Отсекогаш сум го сакал Land Rover. Минатата година прекрасно си поминав дизајнирајќи го мојот автомобил за готвење, па кога бев замолен да дојдам и да го тестирам новиот Evoque, ја прифатив понудата. Фактот дека Land Rover може да создаде нешто разноврсно како Дискавери и агилно како Evoque е доказ за брилијантноста на овој британски бренд.”