Редок коњак од 1969 година е првиот производ од понудата жестоки пијалаци зад кои стои раперот Џеј Зи.

Да не се разбереме погрешно, не е дека Џеј Зи сипал чашка од овој редок коњак за да го прослави својот роденден. Големата 50-ка за сопругот на Бијонсе, раперот кој тежи милијарди, Шон Картер таканаречен Џеј Зи, ја прослави така што го промовираше најновото издание на D’Ussé коњакот, екстремно ретко издание чие сопствеништво го делат Џеј Зи и Bacardy.  Првите 50 изданија се резервирани за најблиските луѓе на раперот.

Коњакот е произведен во 1969 година од грозје за шампањ, а чуван цели 50 години во буриња во Франција. Од онаа залиха која била останата, брендот денес наполни само 150 до 200 шишиња коњак. Едно шише ќе чини 5.000 долари.