Најголемиот саем за мотоцикли, EICMA, привлече огромно внимание со своите презентации, но и со еден друг елемент, а тоа се атрактивните девојки.

Атрактивните девојки кои се неизоставен дел од манифестациите на кои се слават автомобилите и мотоциклите во последно време се поретко и поретко се појавуваат. Но, EICMA, најголемиот саем за мотоцикли, останува доследен на оваа убава традиција. Годинешното издание на саемот во Милано донесе неколку новитети, а штандовите на големите брендови, покрај убавиците на две тркала, ги красеа и оние вистински убавици кои на моменти привлекуваа подеднакво внимание како и мотоциклите кои беа изложени на оваа манифестација.

Затоа, во прилог ви ги носиме девојките кои ние сметаме дека треба да добијат внимание, а веруваме дека и вие нема да имате ништо против тоа.