Последнава година повеќето го прифатија предизвикот за подобро тело. Па така за некои вежбањето стана секојдневие или рутина. Некои неможејќи да го направат рутина вежбањето се откажуваат. Фитнес експертите советуваат и даваат неколку насоки и начин како да ги изградите и сочувате здравите навики.

1. Во ред е да имате слободен ден. Но разликата е во прашањето ЗОШТО? Доколку вашето тело не реагира соодветно, тогаш е во ред да му дадете слободен ден да се одмори. Но доколку не сте мотивирани или не уживате во тоа, треба повторно да го пронајдете забавниот аспект на фитнесот. Планирањето на неделата е многу битна тука, а исто така и придружувањето до планираното. Здравиот начин на живот се чекори полека. Секогаш потсетувајте се на тоа што ве поттикнало да го започнете вежбањето, за да бидете мотивирани цело време.

2. Имате многу креатори на фитнес содржини кои обезбедуваат различни тренинзи со кои можете да се обидете и експериментирате. Можеби дел од тоа нема да ви одговара, но не плашете се да пробате нешто ново. Не се досадувајте правејќи ги истите вежби. Секогаш кога правиме нешто ново или поинакво, начинот на размислување се менува и се прилагодуваме на сè што учиме. Нов стимул ни помага да преиспитаме што сакаме.

3. Престанете да се фокусирате на изгледот и естетиката. Не се гледајте постојано во огледало и не го критикувајте вашиот изглед, тоа е нешто што многумина од нас не признаваат дека го прават понекогаш. Треба да останете фокусирани на тоа што го правите и да ги гледате позитивните страни на тренингот. Начинот на кој се гледа целта е начинот на кој тренирате.

4. Работете на вашите загревања. Тоа секогаш го забрзува срцевиот ритам, помага да се спречи повредата и да ве држи будни и извести дека сте подготвени за тренинг. Секоја програма треба да има загревање од пет до десет минути. Ова помага во истегнување и подготвување за тренинг. Истовремено ќе помогне да го почнете тренингот подготвени без да се изморите прерано и да се откажете или скратите тренингот.

5. Некои од нас имаат среќа да имаат тегови дома, некои не. Но тоа не значи дека треба да престанеме со вежбање се додека чекаме да се отворат спортските сали. Подгответе се психички да се фокусирате само на тоа што најдобро што можете да го имате сега. Со теговите можете да импровизирате, доволно е да ставите неколку книги во ранец и да го искористите како тег. Мора да се научите да се адаптирате на ситуации и опкруќувања.

6. Потсетете се дека треба да ја напуштите столицата, куќата и треба да прошетате. Не е убаво да седите пред лаптоп од утро до вечер. Некои луѓе си поставуваат цел на 10.000 чекори и се трудат да ја постигнат задаената цел. Тоа е одлично, но можете да почнете со помала цел на пример, доколку сте почетник. Само пронајдете нешто што ќе ве тера да се движите наоколу и исто така му дава на вашиот ум да избега од помислата да бидете пред компјутерскиот екран, да немате интеракција со никого.

7. Многу луѓе прават грешка мислејќи дека мора да бидат внатре. Но дури и со сите правила дозволено е да вежбате надвор, дури и во зима. Можеби добро би ви дошло од малку фитнес на отворено, или можеби трчање, возење велосипед. Зимата е добра за трчање и фитнес на отворено, поради тоа што добивате тежина со која треба да се справите поради слоевите облека. Обидете се со нешто ново и обидете се да го надминете предизикот. Плус и отворениот простор ќе ве ослободи од стресот.

8. Почастете се со некоја нова опрема. Ако имате пари и простор, тогаш инвестирањето во добра справа која ќе ги задоволи вашите потреби е исплатлива. Од боди билдинг, до функционален тренинг, се што ви е потребно за да ги постигнете вашите цели.

9. Погледнете на социјалните медиуми по позитивно. Тие се платформи и каде можете да разговарате со луѓе, размените искуства, добиете совет. Ова навистина помогнаа во изолацијата и пропуштањето на социјалниот аспект на салата. Не ја правете грешката само да следите некои луѓе, туку почнете и некаква интеракција. Луѓе се корисни и ве мотивираат и ве поттикнуваат да бидете подобри кога станува збор за здравјето и фитнесот. Секој ден не е одличен ден и тоа е нормално. Но разговорот, луѓето, секако не хејтерите, туку оние позитивните, можат да ве разберат, ислушаат и можеби помогнат во полесно надминување.