Водени од идејата „лесно за инсталација“ компанијата Deus Ex Machina создаде нешто со што би модифицирале Yamaha XSR700 или MT-07. Новиот комплет, насловен Deus Ex Machina la Bombe, од компанијата е направен од експерти за плексиглас со седиште во Австралија, кои го подигаат изгледот на моторот со светли и чисто бели браници, извајан монокок, одзади SC-project conic 70 издув кој додава моќност и специфична бучава. Монококот е во двобојна суптилно сива комбинација која што совршено го комплиментира и испакнатиот златното OEM (Original equipment manufacturer) на тркалата. Комплетот за конверзија може да го нарача секој кој сака да го редизајнира својот Yamaha XSR700 или MT-07 мотор. Комплетот содржи и носачи за регистарски таблици со Purpose Built Moto индикаторскиот комплет со светла. Според нашите сознанија комплетот чини околу 2.500 австралиски долари (околу 1.500 евра) но сепак практиката е цена по понуда. Интересното во овој комплет е тоа што монтирањето на истиот е многу едноставно и не изискува многу време.