Desserto е нов производ базиран на растително потекло од кактус,кој се одликува со одлична мекост а нуди одлични перформанси за широк спектар на апликации и ги исполнува најригорозните стандарди за квалитет и заштита на животната средина.

За развојот на овој производ одговорни се двајца мексиканци кои работеле и биле сведоци на силното влијание врз животната средина, на автомобилската и модната индустрија, па решиле својот придонес кон подобрување на тоа да го направат со производ кој е одлична алтернатива на кожата и која не содржи токсични хемикалии, фталати и PVC.

Оваа кожа е делумно биоразградлива, трае до десет години, флексибилна е, отпорна на дамки и дише. Овој проект е пример за за тоа како иновацијата може да се развива одговорно. Целиот процес на растење на кактусот се запазува, што значи дека се сечат само зрелите листови на секои шест до осум месеци.

Вода за наводнување не се користи бидејќи кактусот преживува од дождовница и минералите кои ги има земјата. Целиот преостанат органски кактус што не се користи се извезува и се продава на национално ниво во прехранбената индустрија. Desserto е во првите 30 финалисти добитници на наградата за иновации LVMH 2020 година.