Брендот Derek Rose кој со децении создава луксузна облека за спиење, во која уживаат кралското семејство, многу филмски ѕвезди и обични луѓе, ја покажа својата нова колекција. Оваа година колекцијата е претставена од Oliver Cheshire, познатиот британски модел. Разноврсноста во односна модата во овој сектор е прикажана токму тука. Од луксузни пижами, мека волнена наметка во која сакате да пиете кафе, до памучна пријатна облека во која би сакале да вежбате.