Delta Air Lines планира да тестира Parallel Reality дисплеи кои ќе даваат информации за летовите, со тоа што овие дисплеи ќе испорачуваат персонализирани информации на еден дисплеј, на повеќе патници истовремено. Инсталацијата на ваков дисплеј беше закажана за ова лето на аеродромот во Детроид, но очигледно ќе треба да се одложи поради ситуацијата со коронавирусот.

Футуристичката технологија им овозможува на повеќе лица да видат персонализирана содржина прилагодена на нивното патување на еден дигитален екран во исто време. Постојат гласини дека оваа технологија не се потпираат на препознавање на лицето туку следење на локацијата на телефонот.

Технологијата, креирана во партнерство со Misapplied Sciences беше претставена во јануари на Consumer Electronics Show 2020 во Лас Вегас. Екраните Parallel Reality се овозможени со нов пиксел кој има неверојатни можности.

Пикселите се способни да проектираат милиони светлосни зраци во различна боја и осветленост, а секој зрак може да биде софтверски насочен кон одредена личност. Патниците ќе треба да ја скенираат својата карта и да одберат јазик пред да бидат прикажани персонализирани пораки. Ова треба да се проба.