Човек во галерија во Сан Франциско, заминал од галеријата среде бел ден со дело на Салвадор Дали во раката.

Настанот се случил минатата недела, во Dennis Rae галеријата за современа уметност во Сан Франциско. А фасцинантно е како човекот успеал да ја изведе кражбата на уметничко дело без конкретно елабориран план, без темнината на ноќата, без да биде спречен.

Салвадор Дали
Burning Giraffe – украденото дело на Дали

Делото за кое станува збор, е рачно изработено дело, бакропис од 1960-те со потписот на Салвадор Дали и го носи името Burning Giraffe. Цената изнесува 20 илјади долари, а во галеријата било поставено како дел од изложбата за надреалистот. Според информациите, кабелот и бравата кои требале да ја обезбедуваат сликата не се пронајдени, а во моментот на грабежот, надзорните видео камери во галеријата, не работеле. За среќа, човекот е фатен на една од соседните надзорни камери на улицата, со делото под рака. 

Сопственикот на галеријата, бил сам во моментот на грабежот и тврди дека се завртел само за момент, кога човекот влегол и излегол од галеријата. Грабежот траел помалку од една минута. И покрај сè човекот, а и делото на Дали, сè уште не е пронајдено.