Дејвид Бекам заедно со Disney Plus претставија серија насловена Save Our Squad. Во копродукција на Twenty Twenty и Studio 99, серијата ја враќа фудбалската ѕвезда во Источен Лондон, каде што играл како дете, каде сега ќе треба да биде ментор на тим кој се бори да остане во лигата. Бекам и неговиот тим ќе ги однесат играчите, нивниот тренер и нивната заедница на трансформативно патување.

Режисерот Шон Дојл, од Disney, за серијата ќе каже: „Ова е фантастична можност да се покаже важноста и влијанието на оваа фудбалска заедница во Велика Британија. Серијата ќе биде возбудлива, драматична, полна емоции и храброст, сè што Дејвид имал во своето играчки денови.“

Целта на овој проект е развивање и негување на младите таленти, а Disney+ е одличен партнер за разбота на ваков проект, стои во изјавата на Бекам. Фудбалерот на виртуелниот MipTV, зборуваше за неговото минато како фудбалер и неговата иднина како телевизиски продуцент. Покрај овој проект со Disney, тој спомена и за лансирање на документарни филмови и серии. Други проекти што во моментов се во развој на Studio 99 се „A Whole New Ball Game“, документарен серијал за BBC, со кој се прикажува современата историја на English Premier League од регионална фудбалска лига до глобален центар за забава и други. Инспириран од документарецот „The Last Dance“ на Мајкл Џордан, Дејвид Бекам се надева дека ќе добие свој биографски филм.