Кога станува збор за автомобилите Дејвид Бекам има развиено толку добар вкус каков што има и за модата. Човекот е икона, без разлика дали станува збор за фудбалот или за рекламите за долна облека, кога сте проценети на 350 милиони долари секако дека автомобилите не смеат да изостанат од целината. Да ја погледнеме колекцијата.

1998 Ferrari 550 Maranello (1998) – На почетокот на „нивниот бренд” тогаш позната Пош за Божиќ на својот свршеник му купила сребрен 550 Maranello, дизајниран од Pininfarina, со преден V12 Ferrari 5.5-литарски мотор кој испорачува 485 КС и важи за еден од најдобрите автомобили Ferrari на модерната ера.

Дејвид Бекам

Cadillac Escalade ESV (2007) – За полесно снаоѓање во новата средина Дејвид Бекам по трансферот во LA Galaxy го купи овој автомобил кој во тоа време беше избор на суперѕвездите како Шекил О’Нил и Тајгер Вудс. Очигледно го делел чувството.

Дејвид Бекам

Porsche 911 (1969) – Всушност поради воодушевеноста од Steve McQueen, Бекам го купува ова 911S Porsche во slate-grey боја. Овој автомобил е реплика на автомобилот на Steve McQueen.

McLaren 720S (2017) – Нема кој не посакал да има ваков автомобил. McLaren 720S е прекрасна машина, која во случајот има 4.0-литарски V8 мотор кој произведува 710 коњски сили, а забрзува од 0-100 километри на час за помалку од три секунди.

Hummer H2 (2005) – Возилото кое било дизајнирано за транспорт на американската војска му станала трн во око на познатиот актер Арнолд Шварценегер. Но во 2002 година кога ја лансираа помалата верзија H2, стана синоним за хип-хоп светот. Во 2005 година Бекам купил еден ваков автомобил со VII лого и иницијалите на неговата сопруга врежани на седиштата.

Rolls-Royce Phantom Drophead (2008) – Прекрасен ѕвер, со 6.75-литарскиот V12 Drophead мотор кој за жал фудбалската ѕвезда го продава во 2012 година.

Bentley Bentayga (2016) – Изгледа човеков сака Bentley-ња… Во 2003 година кога беше награден со OBE, Бекам пристигна во Бекингемската палата со Bentley Arnage T. По Bentley Arnage T тој имаше Mulsanne, а од неодамна има и Bentayga.

Aston Martin V8 Vantage X-Pack Volante (1987) – нема повеќе што да се каже… Едноставно човекот знае да си одбере, но и да ужива во разнообразието.