Филмот „To The Extreme” го следи Vanilla Ice креирајќи ја музичката историја, а Дејв Франко ќе ја има честа да го игра токму него. Целата ситуација која го запре светот ја запре и филмската индустрија. Но ова било причина повеќе актерот низ телефонски разговори со раперот да го направи своето истражување пред да започне снимањето на филмот. „To The Extreme” претставува најголемиот деби албум на раперот објавен на 3-ти Септември 1990 година кој мина 16 недели на врвот на Billboard 200 и се продаде во 15 милиони копии ширум светот.