Топлото време ни дава одлични можности за уживање на плажа, покрај базен или само да поминеме повеќе време надвор. Но за да уживаме во сите овие активности, мора да останеме хидрирани. Вашето тело губи повеќе течности во лето, што значи многу полесно може да дојдете до дехидратација.

Но колку вода треба да пиете? И дали има друг начин да се внесат доволно течности?

Колку вода ви е потребна?

Потребата за вода варира зависно од телесната тежина и типот на тело во кој припаѓате. Точната количина на вода варира од човек до човек, но генерално за да останете адекватно хидрирани доволни се од 2 до 4 литри за активни возрасни лица и тоа може да варира во тој опсег зависно од промената на надворешната температура (повисока надворешна температура- поголема потреба од вода).

Како и да е, доколку вежбате редовно тогаш мора и да внесувате повеќе вода бидејќи таа им е потребна на мускулите да функционираат правилно и да се одржува мускулната маса.

Вашето тело работи напорно за да остане ладно во пеколните денови. Преку потењето се врши регулација на температурата на телото. Затоа многу е важно да се надополни водата која сме ја изгубиле при потењето за да се заштитиме од дехидратација.

Тоа може да се постигне само доколку пиете вода преку целиот ден и пред да почувствувате жед. Резултатите на повеќе истражувања покажуваат дека мажите треба да пијат 3,7 литри, а жените 2,7 литри вода на ден.

вода

Знаци на дехидратација

Бојата на урината може да ви каже дека треба да пиете повеќе вода. Урината треба да биде блиску до нијансата на лимонадата, доколку е потемна тоа е знак дека на вашето тело му треба повеќе вода.

Грозница, сува кожа, грчење на мускулите, запек и вртоглавица се исто така индикатори на дехидратација.

Возраста исто така игра улога во потребното ниво на хидратација. Постарите лица потешко ја забележуваат жедта. Затоа како старееме, стекнатата навика цело време да имаме полна чаша вода до нас вреди злато.

Пијте вода и внесувајте ја преку храна

Јадењето на храна која содржи висок процент на вода исто така ќе ви помогне да останете хидрирани. Јадењето на овошје и зеленчук ќе даде свој придонес во одржувањето на здрава хидратација. Јадете: краставица, целер, брокула, спанаќ, лубеница. Добар избор е и да јадете изладена супа ( со што ќе го избегнете потењето) полна со зеленчуци.

Дали треба да се внесуваат електролити?

Електролитите се минерали кои помагаат при балансирање на внесот на вода и нивото на PH вредноста на телото. Затоа пожелно е електролитите да ги внесуваат особено оние кои често вежбаат или се потат многу. Газираната вода може да се внесува, но неможе да ја замени обичната вода. Затоа пијте обична вода, чаеви, многу зеленчук и овошје.

Хидрирајте го адекватно вашето тело ова лето!