Мобилноста во град е предизвик за сите производители на сообраќајни средства. Но Definition CE 04 на BMW Motorrad е иднината на електричните градски скутери. Целата приказна почнува во 2017 година кога BMW го почнува истражувањето, го создава концептот Concept Link кој прераснува во реална производствена верзија или Definition CE 04 развиен за „редефинирање на сегментот на скутери“.

Претставен на #NEXTGen 2020, може би значело дека овој скутер ќе го видиме и во не така далечна иднина. На пример, тој е специјално дизајниран да биде оптимизиран за градските средини, со компактен погонски систем, централно и ниско поставени батерии нудат подобро тежиште.

Иако не се кажани детали околу тоа колку километри би се поминале со едно полнење на батеријата, сепак добиена е информација за тоа дека нејзината фокусна група би патувала по 12 километри на ден во просек.

Други детали кои се познати се и дека Definition CE 04 има 10,25-инчен инфо-забавен екран и специјален колорит составен од мат црни, бели и портокалови панели.