Deep Sleep Cocoon можеби изгледа како парче брендирана облека, или антикоронавирус униформа, но оваа јакна е дизајнирана за спиење во вселената или во авион. Брендот кој е познат по дизајнирање на јакни со соларен погон и маици направени од растенија и алги, го лансираше нивното ново откритие Deep Sleep Cocoon кое го опиша како самостојно микро живеалиште, нешто помеѓу кожурец и вселенска јакна.
Оваа јакна има качулка изградена од пет различни сегменти, кои се преклопуваат над лицето, затворајќи се со помош на комплет од четири магнети вградени во материјалот. Самата качулка има и мрежа која дозволува да гледате што се случува околу вас без да ве вознемируваат.
Клучно за човекот е тоа што качулката е доволно голема и без проблем можете да ставите слушалки. Идеално за секој чии летови се долги или има потреба да се одмори пред поаѓање на аеродром, на пример. Компанијата првично ги профилираше купувачите и предвидува тие да бидат идни астронаути на International Space Station кои доживуваат 16 изгрејсонца на ден.
„Условите за спиење што ги земаме здраво за готово на Земјата, како тишина и темнина, се далеку од загарантирани во вселената. Ние правиме прототип на облека за во вселената со едноставна мисија – да создадеме оптимална состојба за некој да може успешно да работи во вселената. Спиењето е исто толку важно како храната, водата и воздухот. Помага во обновувањето на имунитетот, нервниот, скелетниот и мускулниот систем на организмот, кои пак за возврат го одржуваат вашето расположение, меморија и когнитивни функции.”
Deep Space Cocoon на Vollebak е само едно од многуте иновативни парчиња што компанијата ги објави кои ја комбинираат технологијата со модата.