Davidoff Cigars претстави нова серија на ограничена едиција на Masterpiece хумидори, дизајнирани од познатата француска инкрустрациска уметничка Роуз Санеуил. Санеуил беше задолжена да дизајнира серија на два Masterpiece хумидори инспирирани од поимот за различнте аспекти на времето и уметничката интерпретација. Првата серија на Masterpiece хумидори ќе биде лансирана во септември и е лимитирана на само осум парчиња на глобално ниво.

Втората серија пристигнува во ноември. „Соработката со мајстори и уметници кои поседуваат уникатни вештини не е само камен темелник во нашата иновациска стратегија туку секогаш е можност за нас во Davidoff да научиме, да бидеме инспирирани и да ги прошириме нашите креативни хоризонти“, вели Едвард Сајмон, шефот на маркетинг во Oettinger Davidoff AG.

Во својот пристап, Роуз Санеуил уметнички испреплетува три димензии на време: Времето како краен луксуз, момент на ведрина и рефлексијата која се рефлектира во зајдисонцето. Ограничувањето на времето и неговото лесно испарување е инспирирано од сликата за испарувачки чад. За третата димензија, кога се чини дека времето стои мирно, Davidoff обезбеди извонредни „винтиџ“ тутунски листови собрани во 1994 година, што го инспирираше уметникот за еден совршен момент. Овие листови од тутун кои го отсликуваат моментот на вечноста се дел од иконските уметнички дела, сега се зачувани засекогаш со хумидорот.

Davidoff

Masterpiece хумидорите пристигнуваат со септември и октомври

„Работењето со Роуз, набљудувајќи го нејзиниот креативен пристап и способноста беше вистинска привилегија. Овие два Masterpiece хумидори заедно со ексклузивните пури со сигурност се вредни предмети за колекционерите“, додаде Сајмон.

Masterpiece хумидорот од првата серија ќе биде претставен во септември 2020 година, додека во ноември ќе пристигне и Masterpiece Humidor Series II. Двете серии ќе бидат придружувани од 50 уникатни Davidoff пури, ексклузивно направени за оваа ограничена серија на хумидори, со слатка арома и елегантни ноти на карамела и зачини, како и дрво и какао, а пурите се изработени од еквадорски и доминикански тутун.

Внатрешноста на хумидорите е изработена од габонско дрво, познато како okoumé од централнo западна Африка. Оkoumé дрвото e рачно лакирано со цел да се задржи влажноста поефикасно со цел истата да не биде константно апсорбирана од страна на дрвото. Секој хумидор е опремен со три сопствени Davidoff De Luxe регулатори кои гарантираат стабилна влажност меѓу 70 и 72 проценти.