Премиерата на филмот Dark Waters е закажана за 22 ноември. Станува збор за вистинска приказна за загадување на водата од страна на голема фабрика во САД.
Под режисерската палка на Тод Хејнс и сценаристите Марио Кореа и Метју Мајкл Карнахан, на 22 ноември 2019 ќе се случи и премиерата на филмот Dark Waters. Филмот е базиран врз статијата со наслов The Lawyer Who Became DuPont’s Worst Nightmare напишана од страна на Натаниел Рич, а објавена во Тhe New York Times во 2016 година.
Главниот фокус на филмот е адвокат по корпорациско право, кој влегува во легална битка против една од најголемите корпорации во светот DuPont. Причината за битката е загадување на водата од страна на DuPont која трае неколку децении, а кога адвокатот ќе ја открие, ризикува да ја изгуби работата, семејството, а и својот живот.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Марк Рафало, Ен Хетавеј, Тим Робинс, Виктор Гербер, Бил Пулман.