Илустрирајќи го растечкиот тренд на „Dark tourism”, затворот Delhi’s Tihar ги отвори своите затворски ќелии за туристите. Иницијативата „Feel Like Jail” за цена од околу 20 фунти Ви овозможува престој во еден од најголемите затвори во Азија и доживување на животот зад решетки во еден индиски затвор кој вклучува јадење на затворска храна, спиење на под, носење на затворска униформа и мелење пченица во 5 часот наутро.
Затворот, кој се протега на 400 хектари и има повеќе од 16.000 затвореници, има специјално изграден туристички дел наменет за „Dark tourism” кој се издвојува од главниот затвор со високи ѕидови. За да биде доживувањето поавтентично избрани затвореници живеат во комплексот за туристи. Посетителите ќе ги делат просториите со овие затвореници за да можат да комуницираат со нив и да ги слушнат нивните приказни.
Покрај соодветната униформа на туристите ќе им бидат одземени и телефоните и другите лични предмети. Од тука можат да се купат и производи кои се произведени од затворениците.