Дваесет и петтото издание на James Bond го носи насловот No Time to Die и претставува последно издание на Даниел Крег во улогата на агентот.

Изминатото деноноќие беше откриен постерот кој го најави најновото остварување за Џејмс Бонд. Работниот наслов на филмот беше Bond 25, а постерот го откри неговото најново име: No Time to Die. 

Даниел Крег

Судејќи по најавата, дејството на филмот ќе започне во Јамајка, каде агентот ужива во мирниот живот далеку од тајната служба. Неговиот одмор е бргу прекинат, кога пријател од ЦИА ја изискува неговата помош. Мисијата да се спаси киднапиран научник станува многу покомплицирана од очекуваното.

Покрај Даниел Крег, во филмот ќе се вратат Ралф Фајнс во улогата на М, Наоми Харис, Лиа Сејду и Џефри Рајт, а улогата на уште една Бонд девојка годинава ѝ припадна на Ана де Армас.