DropLabs е американска компанија која лансираше паметни патики кои вибрираат во ритам на музика, филм или видео игра. Револуционерна комбинација на спортска опрема и безжична технологија се компоненти кои ги прават патиките „EP 01 Triple Black“ посакувани, особено од страна на љубителите на виртуелната реалност.

Новите Bluetooth патики кои вибрираат може да се поврзат со кој било iOS или Android уред и ви овозможува да чувствувате музика, звучни ефекти од видео игри или која било друга аудио содржина во вашите нозе. Патиките EP 01 Triple Black го погодија времето на свое лансирање, па така луѓето кои во периодов уживаат во играње на некоја игра или во виртуелни концерти иако не го слушаат татнежот на басот, тие го чувствуваат.

Што се однесува до естетиката, оваа футуристичка патика е во голема мерка дискретна, со само една карактеристика која ја открива нивната високотехнолошка функционалност, далечински контролирана LED позади петата. DropLabs тврди дека EP 01 Triple Black работат шест часа со едно полнење, а достапни се преку нивната онлајн продавница по цена од 299 американски долари.