Природните дезодоранси се доста популарни, повеќе од здравствени причини отколку од еколошки побуди или еко-свест. Поради алуминиумот кој го содржат во себе, традиционалните дезодоранси и антиперспиранти како да се обележани како предизвикувачи на многу сериозни заболувања па се почесто се избегнуваат.

Другата причина поради која се повеќе се ослонуваме на природните дезодоранси е листата на познати и препознатливи состојки кои лесно се прилагодуваат на кожата и се посигурни. Но од друга страна цената која е драстично повисока не наведува да се прашаме: Дали природните дезодоранси вредат за инвестицијата?

Прво да објасниме дека природните дезодоранси и антиперспирантите се доста различни. Кога се зборува за алуминиум се мисли на антиперспирант чија цел е да го спречи потењето и мирисот. Од друга страна пак ефикасноста на природниот дезодоранс се гледа во начинот на справување со мирисот но во никој случај нема да го спречи потењето.

Што користат природните дезодоранси во нивните формули за да ја сопрат непријатната миризба? Мирисот на телото е предизвикано од интерација помеѓу потта и бактериите што живеат на вашата кожа. За да се спротивстави на ова, природните дезодоранси користат органски состојки што апсорбираат пот и антимикробни состојки, како што се масло од кокос, масло од чајно дрво и сода бикарбона. Неговите органски состојки имаат тенденција да бидат подобри за околината.

Конвенционалните дезодоранси можат да содржат состојки како триклосан, кои можат да бидат токсични за морските организми. Друг битен момент е дека природните дезодоранси не оставаат дамки од пот, бидејќи не содржат алиминиум.

Ако мислите дека правењето замена за природен дезодоранс ќе ве заштити од болести, тоа за жал е неточно. Тие дефинитивно се понежни за кожата, но тие нема драматично да го подобрат вашиот јаглероден отпечаток, поради тоа што нивните шишиња не се толку природни како нивните формули, но тие се дефинитивно понежни за околината во целина. Ако сакате да инвестирате во нешто вакво тогаш е во ред да направите замена, но ако го правите тоа од страв, може треба добро да размислите и истражите.