Статистички гледано, односот на мажи кои вежбаат во теретана наспроти жени кои вежбаат во теретана, е поголем. Дали овој параметар покажува дека мажите се поздрави? Па, медицинската статистика го открива спротивното. Зошто е тоа така? GymNation спровел истражување со интервјуирање на 20 фитнес пара со заеднички фитнес цели, од каде стигнал до заклучок дека мажите имаат тенденција да ги кршат многу полесно отколку жените тие цели.

Психологијата позади тоа зошто жените се подобри во исполнување на своите фитнес цели отколку мажите е многу покомплицирана. Ова води до разликата во сликата која ја имаат за своето тело мажите и жените. Односно кога маж ќе застане пред огледало тој има подобра слика за себе од жените кои се гледаат како подебели од тоа што се. Ова значи дека мажите се посигурни кога станува збор за нивното тело.

Мажите се наоѓаат себеси попривлечни отколку што навистина се. Па од тука тие имаат и поголема самодоверба. Но, постои тенка линија помеѓу позитивната слика за телото и прекумерната самодоверба, а мажите на моменти имаат тенденција да ја преминат таа граница. Повеќето мажи се гледаат себе како личност која е одговорна за семејството, па ова ги принудува да и дадат приоритет на работата пред се останато.

Суштински параметар на фитнесот е менталното здравје, кое во голема мера се игнорира, особено кај мажите, бидејќи тие се научени да бидат силни во текот на целиот живот. Ова значи дека мажите делат помалку од жените, па затоа страдаат од стрес, анксиозност и депресија повеќе од жените. Но битно е да се најде време и за себе. Ако човек не се грижи за своето здравје, на долг рок, семејството ќе страда. Да се ​​живее балансиран живот, сепак, е од суштинско значење.