Доаѓате дома доцна од работа и немате време да седнете да вечерате бидејќи веќе е време да легнете да ги отспиете оние неколку часа кои ви остануваат. Долгите работни часови, обврските и залаците од нога, често не ставаат во ситуација да сакаме да се најадеме, баш пред да легнеме. Никој не вели дека е паметно, оброкот да е пица или хамбургер, но зарем житарки со млеко се толку страшни за пред спиење? Експертите се поделени на ова поле, но ова е она што ние треба да го знаеме. 

  • Јадењето пред спиење нема да ѝ пречи на дигестијата, но може да ви се слоши. Дигестирањето е процес кој се случува дури и кога спиеме. Храната патува од стомакот во тенкото и дебелото црево, а мускулите и ензимите помагаат при нејзино разложување. Тоа не значи дека кога ќе легнеме да спиеме, заспива и дигестивниот тракт. Но, мускулните контракции и ензимите кои ја разложуваат храната може да забават со легнувањето, па варењето да се одвива потешко и да ни стане мачно.
  • Јадењето веднаш пред спиење може да ве остави будни. Одредени видови храна кои содржат кофеин и алкохол секако ќе ве чуваат будни, но видови храна како лазања, луто тако, чоколадо или сладолед може да предизвикаат киселина и да го отежнат спиењето. Експертите советуваат да јадете барем 2 часа пред да си легнете.
  • Јадењето доцна може да ви ја зголеми телесната тежина. Во текот на ноќта се намалува нивото на кортизол, се намалува притисокот, и целата потрошувачка на енергија, а со тоа се трошат помалку калории.